Skip to main content

УХМР

УХМР: Денес локално интензивно невреме, од викендот повторно сончево и топло

Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 27 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Од УХМР информираат дека денес ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 27 степени Целзиусови.

Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.