Градоначалникот Пецаков со честитка по повод Меѓународниот ден на Балканските Египќани
Во честитката, Пецаков истакнува дека Египќаните се важен дел од општествениот и културниот живот на Охрид и Македонија и со својата активност и ангажман во различни области даваат значаен придонес во развојот на локалната заедница.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, упати честитка до припадниците на заедницата на Балканските Египќани по повод 24 Јуни – Меѓународниот ден на Балканските Египќани.
Во честитката, Пецаков истакнува дека Египќаните се важен дел од општествениот и културниот живот на Охрид и Македонија и со својата активност и ангажман во различни области даваат значаен придонес во развојот на локалната заедница.
„Меѓусебното разбирање и заедничката соработка остануваат клучни вредности за градење стабилно и напредно општество во кое сите граѓани имаат свое место“, се наведува во честитката.
По повод празникот, градоначалникот им посака добро здравје, лична среќа и многу успеси во иднина на сите припадници на заедницата на Балканските Египќани.




