Skip to main content

ЈУ Национален парк Пелистер

(Видео) Мала срничка спасена од напад од куче скитник на Пелистер

Успешно спасено младенче од срна, кое било нападнато од бездомно куче и потоа вратено кај својата мајка.
 |  инфодеск  | 

Денес вработените во ЈУ Национален парк Пелистер спасија мала срна која била нападната од куче бездомник.

Според информациите објавени од ЈУ Национален парк Пелистер, во спасувачката акција учествувале раководителот на помошно-техничкото одделение Зоран Пројчевски и ренџерот Неџип Сефедини, кои успеале навреме да реагираат и да ја спасат повредената срна.

Срната била во лоша состојба по нападот, но благодарение на брзата интервенција била згрижена и заштитена од понатамошни повреди. Од Националниот парк Пелистер информираат дека по спасувањето со помош на емитирање на звуци малата срна била повторно вратена кај својата мајка.