Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на чекор до главниот турнир на Вимблдон
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испишува нова страница во својата тениска кариерата, со обезбедениот пласман во третото, одлучувачко квалификациско коло на Вимблдон.

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пресврт ја победи Франциска Жорге од Португалија и се пласираше во последното квалификациско коло, каде што ќе игра против Италијанката Лусија Бронцети за место на главниот турнир на Вимблдон.
Нашата тенисерка победи со 2-1 во сетови, или со 5-7, 6-2, 6-1.
Во првото коло Лина убедливо ја совлада Шпанката Анхела Болуда Фита со 2-0 во сетови.
Вимблдон 2026 започнува во понеделник на 29 јуни и ќе трае до недела, 12 јули 2026 година. Квалификациските дуели од 22 до 25 јуни се играат на терените во Роемптон.
Фото: МТФ




