Во сабота Дарко Биберко со музичка авантура за најмладите во Охрид

Во рамки на проектот „Културата расте со децата“, Општина Охрид ги поканува најмладите сограѓани и нивните родители на музичко-забавен настан со омилениот детски лик Дарко Биберко.
Настанот ќе се одржи на 27 јуни 2026 година (сабота), со почеток во 19:00 часот, на Кеј Македонија, во дворот на Хотел Палас.
-Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма исполнета со музика, игра, дружење и многу детски насмевки. Оваа музичка авантура е дел од летната програма на проектот „Културата расте со децата“, чија цел е преку различни културни и едукативни содржини да им овозможи на децата квалитетно и креативно исполнување на слободното време. Ги покануваме сите деца и родители да бидат дел од оваа прекрасна летна вечер исполнета со радост, забава и незаборавни моменти, велат од Општина Охрид.
Влезот е бесплатен.




