Наскоро „One Stop Shop“ на граничните премини Свети Наум и Ќафасан
Одговарајќи на пратеничко прашање, вицепремиерот Беким Сали посочи дека операционализацијата на системот на овие премини се очекува во наредните денови.

Системот за заеднички гранични контроли „One Stop Shop“ наскоро ќе биде ставен во функција на граничните премини Свети Наум и Ќафасан кон Албанија, најави вицепремиерот Беким Сали во Собранието.
Одговарајќи на пратеничко прашање, Сали посочи дека операционализацијата на системот на овие премини се очекува во наредните денови, со што ќе се олесни движењето на граѓаните меѓу двете соседни земји и ќе се намалат времињата за чекање на граница.
Тој нагласи дека Владата сериозно пристапува кон проектот и дека добрососедските односи и олеснувањето на прекуграничниот сообраќај остануваат меѓу нејзините приоритети.




