Гордана Јанкулоска на гости кај градоначалникот Рамиз Мерко
Си ветија дека во иднина ќе соработуваат и ќе реализираат многу проекти.
Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на средба кај градоначалникот Рамиз Мерко. По формирањето на новата влада ова е прв ваков состанок, на релација градоначалник од редовите на Дуи и министер од Вмро Дпмне. Првиот човек на Струга на министерот, меѓу другото, му ги укажа забелешките на функционирањето на полициска служба во градот.
„Укажавме за минатото дека немавме соработка со полицијата и дека имавме многу забелешки на нивното работење. Се надевам дека тоа е минато и дека во иднина ќе имаме добра соработка“-вели Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.
Министерот и градоначалникот си разменија мислења за минатите, но и тековните случувања во градот, од неговиот ресор. Јанкулоска истакна дека во иднина меѓусебната соработката ќе биде на високо ниво.
„Ја искористивме оваа прилика да ги договориме следните активности, каде граѓаните на Струга ќе острварат поголема соработка со институциите сод централната власт“-вели Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи.
Разгледавме многу варијанти за продлабочување на соработката со општина Струга, вели Јанкулоска. Се надевам дека овие очекувања ќе се остварат, бидејќи тоа е од големо значење пред се за граѓаните на Струга, додаде таа. Мерко пак, потенцира дека оваа посетата е само првиот чекор и дека ваквиот пример ќе го следат и другите министри, не само од редовите на Дуи туку и оние од Вмро Дпмне.