Skip to main content

Историски успех за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа е првата Македонка што ќе настапи на Вимблдон

Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон
 |  инфодеск  | 

Македонија за првпат ќе има свој претставник на главната сцена на најпрестижниот светски тениски турнир. Нашата најдобрата македонска тенисерка, тетовчанката Лина Ѓорческа, ја испиша најубавата и најзначајната страница, не само во својата кариера, туку и во целокупната историја на македонскиот тенис.

Во третото и одлучувачко коло од квалификациите за Вимблдон, нашата репрезентативка одигра натпревар за паметење и на доминантен, супериорен начин ја совлада фаворизираната Лусија Бронцети од Италија со максимални 2-0 во сетови (6-1, 6-2). Ѓорческа во квалификациите постигна три победи, а претходно ги совлада Анхела Фита Болуда (Шпанија) и Франциска Жорге (Португалија). Денешната ривалка беше 20-та носителка во квалификации и 127. ма рангирана тенисерка.

Лина  Ѓорческа го постигна најголемиот успех на некој македонски тенисер во машка или женска конкуренција бидејќи обезбеди учество во поединечна конкуренција на некој грен слем турнир.

Извлекувањето за главниот турнир ќе се одржи утре (петок).