Skip to main content

УХМР

По кратката нестабилност следува топлотен бран, температурите ќе достигнат до 39 степени

Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 29 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 29 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека за време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. Во среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.