Сеизмолошка опсерваторија при ПМФ
Земјотрес почувствуван во тетовскиот регион
Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
| инфодеск | Македонија

Земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во северозападниот дел на Македонија, во близина на Тетово.
Според сеизмолошките податоци, потресот се случил во 00:06 часот по локално време (28 јуни во 22:06 UTC). Епицентарот бил на околу 15 километри јужно од Тетово и 40 километри јужно-југоисточно од Призрен, Косово, на длабочина од 5 километри. Земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Гостивар, Тетово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.







