Охриѓанецот Хадис Алим го освои првото место на „GFP World Beauty Fest“ во Тирана

На меѓународниот берберски натпревар „GFP World Beauty Fest“ кој викендов се одржа во Тирана, охриѓанецот Хадис Алим го освои првото место во категоријата Taper Fade – Junior до 16 години.
Во конкуренција од 28 млади натпреварувачи од повеќе држави, Хадис покажа знаење, смиреност, дисциплина и талент што заслужено го искачија на највисокото место на победничкиот пиедестал.
-Како татко и ментор, нема поголема гордост од тоа да го гледаш своето дете како со труд, посветеност и љубов кон професијата ги остварува своите соништа. Ова е победа за Хадис, за нашето семејство, за Охрид и за Македонија. Ова е само почеток… Пред нас има уште многу предизвици, а ние ќе продолжиме да работиме уште посилно. Горди сме што го претставувавме нашето знаме со чест!, вели неговиот татко, познатиот бербер Шогун.
Инаку, Јован Додевски од Кумано исто така го освои 1. место во Senior Freestyle категорија.








