Skip to main content

Охрид на 3 и 4 јули повторно ќе биде центар на коктел културата и добрата забава

Организаторите најавуваат две вечери исполнети со врвна музика, атрактивни коктел презентации, богата понуда на пијалаци и фестивалска атмосфера покрај Охридското Езеро.
 |  инфодеск  | 

На 3 и 4 јули, просторот пред хотел „Палас“ во Охрид ќе се претвори во вистинска фестивалска зона каде ќе се одржи Ohrid Cocktail Festival, дводневен настан што ги спојува врвните коктели, премиум пијалаците и одличната музика.

Програмата започнува секој ден во 18:00 часот со Bar Show – двочасовна презентација и дегустација на премиум жестоки пијалаци. Посетителите ќе имаат можност да ја откријат уметноста на подготовката на коктели, да се запознаат со најновите трендови во миксологијата и да дегустираат пијалаци обезбедени од партнерите на фестивалот.

Од 20:00 часот започнува музичкиот дел од програмата со настапи на познати бендови и диџеи.

Организаторите најавуваат две вечери исполнети со врвна музика, атрактивни коктел презентации, богата понуда на пијалаци и фестивалска атмосфера покрај Охридското Езеро.

Доколку барате добра забава, квалитетна музика и освежителни коктели, Ohrid Cocktail Festival е вистинското место за првиот јулски викенд во Охрид.