Skip to main content

Богослужби по повод празнувањето на споменот на Охридскиот закрилник и чудотворец Свети Наум

Од епархијата упатуваат покана до сите верници да земат учество во богослужбите и заеднички молитвено да го одбележат празникот.
 |  инфодеск  | 

Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците на заедничко празнување по повод споменот на свети Наум Охридски, кое ќе се одржи на 2 и 3 јули 2026 година во манастирот посветен на светителот.

На 2 јули (четврток), со почеток во 19:00 часот, во манастирот ќе биде отслужена празнична вечерна богослужба, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.

Празнувањето продолжува на 3 јули (петок), кога од 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј, во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Европски г. Пимен и Брегалнички г. Иларион.

Од епархијата упатуваат покана до сите верници да земат учество во богослужбите и заеднички молитвено да го одбележат празникот.