Skip to main content

„Охридски Комуналец“ со интензивни активности за уредување на зелените површини низ Охрид и приградските населби

Екипите на секторот „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ продолжуваат со редовното одржување на јавните зелени површини. Во изминатите денови беа реализирани активности за косење трева, расчистување на дивата вегетација и хортикултурно уредување на повеќе локации во Охрид и околината.
 |  инфодеск  | 

Екипите на секторот „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ и во изминатиот период спроведоа повеќе активности за уредување и одржување на јавните зелени површини во градот и приградските населби.

Од претпријатието информираат дека е извршено косење трева и расчистување на дивата вегетација на повеќе локации, меѓу кои селото Коњско, населбите Исток и Гранит, селото Орман, каде што бил уреден и просторот околу црквата „Свети Наум“ и детското игралиште, како и долж патниот правец кон селата Горно Лакочереј и Ливоишта, сообраќајната клучка на влезот во Охрид и патниот правец кон Свети Стефан.

Паралелно, се реализирале редовни активности за одржување на јавното зеленило кај детските игралишта во населбите Лескајца и Видобишта, покрај Суводолица кај улицата „Железничка“, како и на улиците „Ристо Чадо“, „Мирка Гинова“, „Будва“, „Јане Сандански“ и во Стариот дел на градот.

Во рамки на хортикултурното уредување, екипите засадиле сезонско цвеќе долж пешачката патека кон Горица, а извршено е и сезонско одржување на розите, со цел разубавување на јавните површини и создавање попријатен амбиент за граѓаните и посетителите на Охрид.