Забрана за градежни работи до 31 август
Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид.

До 31 август 2026 година во сила е забраната за изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.
Оваа забрана важи за просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“, информираат од Општина Охрид.
Оттаму посочуваат дека Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид.







