Градскиот базен „Атина Бојаџи“ од денес отворен за посетители
Базенот ќе биде отворен за посетители секој ден, во периодот од 08:00 до 19:00 часот.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ информира дека од денес, 3 јули 2026 година, официјално започнува со работа Градскиот отворен базен „Атина Бојаџи“, со што стартува летната сезона за рекреација и пливање.
Базенот ќе биде отворен за посетители секој ден, во периодот од 08:00 до 19:00 часот.
Од претпријатието најавуваат дека пливачките школи ќе започнат со работа од 6 јули (понеделник). Обуките ќе се одржуваат во следните термини:
- Претпладневен термин: од 08:00 до 13:00 часот;
- Попладневен термин: од 17:30 до 19:00 часот, во малото корито.
Од ЈП „Билјанини Извори“ ги повикуваат граѓаните и посетителите да ги искористат условите што ги нуди базенот за рекреација, спорт и разладување во текот на летната сезона, а најмладите да се приклучат на пливачките школи и да ги направат своите први пливачки чекори под стручен надзор.







