Skip to main content

Советот на Општина Охрид в четврток ќе ја одржи 12 седница, на дневен ред е ребаланс на Буџетот

Пред советниците ќе се најдат 36 точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Охрид за 2026 година односно ребаланс на Буџетот.
 |  инфодеск  | 

Советот на Општина Охрид на 9 јули 2026 година (четврток) со почеток во 09:00 часот ќе ја одржи 12. седница во зградата на Општината.

Пред советниците ќе се најдат 36 точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-одлуката за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Охрид за 2026 година односно ребаланс на Буџетот.

На дневен ред се измени и дополнувања на програмите во областа на урбанизмот, културата, спортот, образованието, детската, здравствената и социјалната заштита, како и програмите за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, изградба на паркинг простори, водоснабдување, уредување на градежното земјиште и јавното осветлување.

Советниците ќе расправаат и за предлог одлуката за отстапување на користење на паркинг простори од Општина Охрид на ЈП „Билјанини извори“, за продолжување на работното време на занаетчиските субјекти, како и за повеќе предлог-одлуки поврзани со урбанистичко-планската документација за вклопување на бесправно изградени објекти.