Skip to main content

Сончево и топло со температура до 30 степени

За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност
 |  инфодеск  | 

Во Охрид денеска сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималната дневна температура до 30 степени.

Температурите во Македонија денеска во интервал од 13 до максимални 32 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има силен ветер со брзина од 60 (km/h). Во понеделник и деновите што следуваат, ќе преовладува сончево време, но во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.