Малолетен велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа во Охрид, возачот го напуштил местото

На 3 јули 2026 година, околу 17:20 часот, на крстосницата меѓу булеварот „Македонски Просветители“ и улицата „Димитар Влахов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 15-годишно момче од Охрид и патничко возило.
По несреќата, возачот на автомобилот не застанал, туку го напуштил местото на настанот.
Во несреќата, малолетниот велосипедист се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
По преземени мерки, полициските службеници го пронашле возилото „Фолксваген Тигуан“ со охридски регистарски таблички, како и 65-годишниот возач од Охрид. При извршеното алкотестирање било утврдено дека тој имал 0,7 промили алкохол во крвта.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на сообраќајната несреќа извршила увидна екипа на СВР Охрид. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.







