Skip to main content

ЈП „Градски пазар“ Охрид издава локација за поставување фрижидери за продажба на сладолед

Заинтересираните правни и физички лица графичките прикази со нумеричките ознаки на локацијата можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или секој работен ден од 7:00 до 15:00 часот во просториите на претпријатието.
 |  инфодеск  | 
Кеј Македонија фото Ѓоко Симјаноски

ЈП „Градски пазар“ Охрид објави јавен повик за издавање локација за поставување урбана опрема, фрижидери за продажба на сладолед.

Станува збор за една локација на Кеј „Македонија“, на која може да се постават најмногу два стандардни фрижидери на површина од 4 квадратни метри.

Заинтересираните правни и физички лица графичките прикази со нумеричките ознаки на локацијата можат да ги преземат од веб-страницата на ЈП „Градски пазар“ Охрид или секој работен ден од 7:00 до 15:00 часот во просториите на претпријатието.

Според објавениот повик, урбаната опрема ќе се издава за сезонски период од 1 јули 2026 година до 30 септември 2026година.

Повеќе информации за условите и документацијата се достапни на официјалната веб-страница на ЈП „Градски пазар“ Охрид.