Skip to main content

Охрид доби 15 нови спасители на отворени води

Од Центарот за безбедност на вода истакнуваат дека новите спасители покажале висок степен на дисциплина, посветеност и подготвеност за справување со ситуации на вода.
 |  инфодеск  | 

Во организација на Центарот за безбедност на вода при Црвен крст – Охрид, во периодот од 21 до 28 јуни успешно беше реализиран овогодинешниот курс за спасители на отворени води.

На обуката учествуваа 22 кандидати од Охрид и Струга, кои поминаа низ интензивна теоретска и практична подготовка.

Поради високите критериуми и сериозните физички предизвици, курсот успешно го завршија 15 кандидати, кои се стекнаа со звањето спасител на отворени води.

Од Центарот за безбедност на вода истакнуваат дека новите спасители покажале висок степен на дисциплина, посветеност и подготвеност за справување со ситуации на вода.

„Им честитаме на новите колеги за успешно завршената обука и им посакуваме успешна летна сезона, исполнета со што помалку интервенции и безбедни плажи за сите капачи“, порачуваат од Центарот за безбедност на вода при Црвениот крст – Охрид.