Сончево време со умерен северен ветер
Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот.

Во Охрид денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 27 степени.
Во текот на новата седмица времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во вторник, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.







