Skip to main content

Во среда хуманитарен концерт за Петар

Билети за хуманитарниот концерт за помош на Петар можете да купите во Црвен Крст и во Центарот за култура.
 |  инфодеск  | 

Во среда, на 8 јули 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центарот за култура „Григор Пеличев“ во Охрид ќе се одржи голем хуманитарен концерт за помош на нашиот Петар.

– Ќе настапат: Стојне Николова, Спасен Силјаноски, групата „Камелеон“, Здраве Мјузик, Благоја Грујовски и Тони Очески. Билети можете да купите во просториите на Црвен Крст, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“, од понеделник до среда, во периодот од 16:00 до 18:00 часот и на влез, на самиот ден на настанот, порачуваат организаторите.

Со вашето присуство помагате да му дадеме надеж на нашиот Петар, а влезниците ќе се продаваат по цена од 400 денари.

Сите кои се во можност, можат да донираат преку јавување на телефоните 143-161 (T Mobile) 9 143-479 (А1), како и преку уплата на трансакциска сметка 270-7000821760.21 Гордана Попоска HALKBANK. Може да се донира и преку линкот за донација на интернет, а сите од странство можат да донираат и преку GoFundMe.