Делавекурас: Ако треба Македонија ќе го смени и уставот
Бараме ерга омнес решение кое ќе се имплементира, а ако тоа значи и промена на уставот на ФИРОМ, тогаш ќе треба и тоа да се случи – сметаат од грчкото МНР. Според портпаролот, Македонија на секој можен начин ги прекршувала одлуките на ОН и на времената спогодба, и затоа министерството бара решение што треба ќе стапи во сила за севкупна употреба.
| Маја Савиќ | Македонија
знамиња
Милошоски и власта во Скопје бараат изговори за да избегнат да преговараат – рече Григорис Делавекурас, одговарајќи на прашањето на Канал 5, дали како што кажа македонскиот министер за надворешни работи, економската криза во Грција е причина што нема напредок во преговорите.
Од грчкото МНР сметаат дека е потребна одговорна влада што ќе донесе одговорни одлуки за да се дојде до заемно прифатливо решение за проблемот кој што влијае врз целиот регион. На денешната средба со новинарите, Делавекурас рече дека грчката страна е во постојан контакт со медијаторот Нимиц, но се уште немаат информација за нова средба со преговарачите на двете земји.
Од грчкото министерство за надворешни работи уште еднаш повторија дека е потребна политичка волја од страна на Македонија за да се затвори долгогодишниот проблем со името, а ако не се реши, тогаш земјата не може да се интегрира ниту во НАТО, ниту во ЕУ – рече портпаролот Григорис Делавекурас.
{loadposition content9}