Skip to main content

Дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во Охрид затворен за сообраќај до 13 јули

Како што информираат од Општина Охрид, времената измена на сообраќајниот режим е воведена поради изведување градежни работи за отстранување на дефектот на канализационата мрежа.
 |  инфодеск  | 
star grad

Од денеска па до 13 јули 2026 година ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Свети Климентов Универзитет“ во стариот дел на Охрид.

Како што информираат од Општина Охрид, времената измена на сообраќајниот режим е воведена поради изведување градежни работи за отстранување на дефектот на канализационата мрежа.

Од локалната самоуправа апелираат до жителите и туристите да го почитуваат привремениот сообраќаен режим и поставената сообраќајна сигнализација, како и да користат алтернативни сообраќајни приоди за време на изведувањето на работите.