Skip to main content

Кевин Костнер му претстави на Конгресот план за чистење на нафтената дамка

Американскиот актер Кевин Костнер го претстави пред американскиот Конгрес својот план за чистење на нафтената дамка во Мексиканскиот Залив. Познатиот актер пред конгресниот Одбор задолжен за истражување на причините на најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД вчера ја претстави технологијата на својата компанија, која се занимава со производство на машини за чистење на нафтени дамки, преку процес на одвојување на нафтата од водата, пред таа да стигне до брегот.

 |  Маја Савиќ  | 
kevin Costner
Кевин Костнер

kevin CostnerАмериканскиот актер Кевин Костнер го претстави пред американскиот Конгрес својот план за чистење на нафтената дамка во Мексиканскиот Залив. Познатиот актер пред конгресниот Одбор задолжен за истражување на причините на најголемата еколошка катастрофа во историјата на САД вчера ја претстави технологијата на својата компанија, која се занимава со производство на машини за чистење на нафтени дамки, преку процес на одвојување на нафтата од водата, пред таа да стигне до брегот.

Костнер на патентот за таа машина и за нејзиното производство, на кое работел заедно со својот брат, научник, потрошил повеќе од 20 милиони долари.

Nafta, Meksikanski zaliv

Тој појасни дека неговата фирма „Оушн терапи солушн“ со своите машини може да ја исчисти дамката ефикасно и брзо, без многу вложувања.

Костнер ја искористи оваа прилика да ги нападне нафтените компании, кои не вложуваат доволно напори за санирање на еколошките катастрофи, предизвикани со истекување на нафтата.

– Тешко е да се разбере дека успеавме да го испратиме човекот на Месечината и дека развиваме нуклеарна енергија, а се уште не сме во состојба да ги исчистиме нафтените дамки кои ги правиме, додаде тој.
{loadposition content9}