Skip to main content

Почина легендарната Бони Тајлер

Бони Тајлер светската слава ја стекна со безвременскиот хит „Total Eclipse of the Heart“.
 |  инфодеск  | 

Легендарната британска пејачка Бони Тајлер почина на 75-годишна возраст во болница во Португалија, по компликации од тешка болест. Таа претходно беше подложена на итна операција поради перфорација на цревата и извесен период се наоѓаше во индуцирана кома, но и покрај напорите на лекарите, почина на 8 јули.

Веста за нејзината смрт ја соопштија семејството и нејзиниот тим, кои побараа приватност во овие тешки моменти.

Бони Тајлер светската слава ја стекна со безвременскиот хит „Total Eclipse of the Heart“, а во нејзината богата кариера се вбројуваат и песните „It’s a Heartache“ и „Holding Out for a Hero“. Во текот на повеќе од пет децении на музичката сцена беше трипати номинирана за наградата Греми, а во 2023 година беше одликувана со титулата MBE за својот придонес во музиката.