Skip to main content

Информација во врска со доставени решенија од ЗАМП

Граѓаните се повикуваат навремено да ја проверат својата документација и, доколку е потребно, да ја искористат можноста за поднесување приговор согласно предвидената постапка.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид ги информира сите граѓани кои добиле решенија или барања за надомест од Здружението за заштита на авторски музички права-ЗАМП, да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид, заради проверка на документацијата и понатамошно постапување.

За граѓаните кои немаат категоризиран објект, Општина Охрид ќе издава соодветна потврда со која граѓаните ќе може да поднесат приговор со ЗАМП.

Барањето за издавање на потврда може да се преземе од следниот ЛИНК.