Дел од Љубаништа повеќе часа без вода
Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека санацијата на дефектот е во тек.

Поради дефект на водоводната мрежа на специфичен и тешко пристапен терен, денес од 15:00 часот, повеќе часа без водоснабдување ќе останат корисниците од стариот дел на селото Љубаништа.
Екипите на ЈП „Водовод“ – Охрид се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.







