Во Охрид ќе се градат 145 нови станови, издадени 12 одобренија за градење во мај

Во Охрид во мај годинава издадени се 12 одобренија за градење, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Од нив, седум се издадени на физички лица како инвеститори, а пет на деловни субјекти.
Со издадените одобренија е предвидена изградба на 145 нови станови со вкупна корисна површина од 9.494 квадратни метри. Најголем дел од планираните станови се двособни – 89, додека 46 се трособни.
Во Струга, во истиот период, се издадени 10 одобренија за градење. Девет од нив се на физички лица како инвеститори, а само едно на деловен субјект. Со овие одобренија е планирана изградба на 28 нови станови.
Во општините Дебрца и Вевчани во текот на мај не е издадено ниту едно одобрение за градење.
На национално ниво, во мај 2026 година се издадени вкупно 340 одобренија за градење, што е за 27,5 проценти помалку во споредба со истиот месец минатата година.
Од вкупниот број издадени одобренија во државата, 67,3 проценти се однесуваат на објекти од високоградба.
Според статистичките податоци, во мај на ниво на државата е предвидена изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од 71.561 квадратен метар.







