Skip to main content

Почина Соња Думбалоска Делова, една од најпосветените спортски работнички во Охрид

Посмртните останки на проф. Соња Думбалоска Делова, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 13 јули, понеделник, од 12 до 12.30 часот.
 |  инфодеск  | 

По подолго боледување, денеска во Охрид на 67-годишна возраст почина професорката по физичка култура и истакната спортска работничка Соња Думбалоска Делова.

Соња Думбалоска Делова беше истакнат спортски и просветен работник, пливачки тренер, долгогодишен судија на Охридскиот пливачки маратон, за што во 2019 година и беше врачена престижната наградата „Климе Савин“.

Во 2025 година Општина Охрид ѝ го врачи признанието “Охридска спортска легенда” за особен придонес во развојот на спорот во Охрид.

Посмртните останки на проф. Соња Думбалоска Делова, ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид на 13 јули, понеделник, од 12 до 12.30 часот.