Пловен мини концерт вечерва во водите на Црн Дрим во Струга

Реката Црн Дрим вечерва станува сцена за уникатно музичко доживување, пловен мини концерт ќе ги спои локалната музичка сцена, природата и препознатливата летна атмосфера на Струга.
Иницијативата е на Коста Костоски, а е поддржана од Europe House Struga, од каде посочуваат дека најдобрите идеи се оние што ја поврзуваат заедницата, креативноста и јавниот простор.
„Ова е уникатно музичко доживување што ги спојува локалната музичка сцена, природата и летната атмосфера на градот“, велат организаторите.
На пловната сцена ќе настапат повеќе музичари и изведувачи: Коста Костоски, Сан Андрејас, Артан Жута, Бојан Крстиновски, А. Бајрамски, Давид Поповски, XtorN, Менда Шеј, Владимир Мојсовски и Томислав Несторовски. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката покрај реката, во амбиент што ја нагласува поврзаноста меѓу уметноста, природата и градскиот простор.
Настанот ќе започне во 20:00 часот и ќе трае 40 минути, а ќе се одржи кај Дрвениот мост, во близина на ресторанот „Антика“.








