Skip to main content

Народен театар Охрид со „Парите се отепувачка“ гостува на „Вевчанско лето 2026“

Охридскиот народен театар ги поставува вечните прашања вткаени во антологискиот текст на Ристо Крле „Парите се отепувачка“
 |  инфодеск  | 

Народен театар Охрид гостува на „Вевчанско лето 2026“ во среда, (15.07.2026 ), со театарската претстава „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.

Во претставата играат актерите: Стрезо Стаматовски во улогата на Митре, Филип Кипровски е Анѓеле, Марија Новак е Мара, Адријана Билаловиќ- Тодороска е Ката, а Никола Тодороски ќе го игра Софре.

Актерскиот ансамбл под режија на Андреј Цветановски ја оживува на сцена приказната за таткото и мајката, кои за грст златници, си го убиваат сопствениот син, создавајќи при тоа една своевидна античка трагедија на македонски начин, исполнета со емоции.