Skip to main content

ГРК Охрид се раздели со Ориол Реј Моралес

Од охридскиот клуб му се заблагодарија за неговиот придонес и посветеност во дресот на ГРК Охрид и му посакаа многу успех во продолжението од кариерата.
 |  инфодеск  | 

Ориол Реј Моралес повеќе не е член на ГРК Охрид. На барање на шпанскиот ракометар беше активирана излезната клаузула од договорот, по што полскиот шампион Висла Плоцк го откупи неговиот договор.

-Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, – соопштија од ГРК Охрид.

Од охридскиот клуб му се заблагодарија за неговиот придонес и посветеност во дресот на ГРК Охрид и му посакаа многу успех во продолжението од кариерата.