Skip to main content

Црковно народен собир во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум по повод празникот Положување на ризата на Пресвета Богородица

За сите верници и посетители кои сакаат да присуствуваат на литургијата, обезбеден е организиран превоз по воден пат.
 |  инфодеск  | 

По повод празникот Положување на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, на 15 јули, Дебарско-кичевската епархија ги поканува верниците да присуствуваат на традиционалниот црковно-народен собир во манастирот „Пресвета Богородица“ – Заум.

Според информациите од Епархијата, со Светата архиерејска литургија ќе началствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, г. Георгиј, кој ќе богослужи и ќе се обрати со празнична беседа пред присутните. Богослужбата ќе започне во 08:45 часот.

За сите верници и посетители кои сакаат да присуствуваат на литургијата, обезбеден е организиран превоз по воден пат.

Од градското пристаниште во Охрид, бродот „Александрија“ ќе тргне во 07:30 часот, додека од селото Трпејца е обезбеден превоз со кајчиња од местото викано „На Дол“.

Од Дебарско-кичевската епархија ги повикуваат верниците заеднички да го прослават овој голем богородичен празник со молитва и духовна радост во манастирот Заум.