Skip to main content

Сончево и многу топло, попладне услови за нестабилност

Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.
 |  инфодеск  | 

Времето денеска во Охрид ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со дожд и грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.

Во Македонија температурата денеска ќе достигне максимални 39 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и за време на викендот кога температурите секаде ќе бидат над 32 степена.