Skip to main content

Во Охрид денес сончево и топло со температура до 31 степен

Времето во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
 |  инфодеск  | 

Во Охрид, денеска времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната дневна температура до 31 степени.

Температурите во Македонија ќе се движат во интервал од 31 до 38 степени.

Времето во следните денови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Особено топло ќе биде во петок и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе бидат над 30 степени.

Фото: Ѓоко СИМЈАНОСКИ