Skip to main content

Нови телевизори, донација за попријатен престој на пациентите во Општа болница Охрид

Болницата со благодарност ја прими донацијата на телевизори, кои веќе се поставени во болничките соби на Одделенијата за педијатрија, геријатрија и гинекологија и акушерство.
 |  инфодеск  | 

Нова донација пристигна во ЈЗУ Општа болница Охрид, со која престојот на пациентите ќе биде попријатен. Болницата со благодарност ја прими донацијата на телевизори, кои веќе се поставени во болничките соби на Одделенијата за педијатрија, геријатрија и гинекологија и акушерство.

-Со оваа донација се обезбедуваат подобри услови за најмалите кои се лекуваат на Педијатрија, повозрасните сограѓани на Одделението за геријатрија, како и мајките кои го носат и го даруваат најголемиот подарок, новиот живот, велат од болницата.

Телевизорите ќе придонесат деновите поминати во болница да бидат полесни, а престојот попријатен и за пациентите и за нивните семејства.

Од ЈЗУ Општа болница Охрид упатија искрена благодарност до донаторите, нагласувајќи дека ваквите хумани иницијативи се значаен чекор кон создавање похумани и подобри услови за лекување.