Забележана мечка над селото Горно Коњско, предупредуваат од НП Галичица
Од НП Галичица апелираат до локалното население и лицата кои престојуваат или работат во тој предел да бидат претпазливи.

Од ЈУ Национален парк „Галичица“ ја информираат јавноста дека денес, според информациите со кои располагаат, туристи забележале мечка во реонот над селото Горно Коњско.
Од паркот апелираат до жителите, посетителите, планинарите, како и до сите лица кои престојуваат или извршуваат активности во овој реон да бидат особено внимателни и да се придржуваат кон препораките за безбедно движење во природа.
Воедно, од Националниот парк ги повикуваат граѓаните, доколку се во контакт со лица кои престојуваат или работат во ова подрачје, да ја пренесат информацијата со цел навремена претпазливост.







