Денес ќе се одржи хуманитарен концерт во чест на Андреј Лаброски
Концертот започнва во 19:30 часот.

Традиционално и оваа година во чест на Андреј Лаброски ќе се одржи хуманитарниот концерт насловен „Пријателите во чест на Андреј Лаброски” на платото на плажата Сарајште. Концертот започнва во 19:30 часот.
Како што информираат организаторите, на самиот настан ќе се продава песнарката „Охридски музички бисерник” по промотивна цена од 400 денари, а сите средства собрани на настанот ќе бидат донирани во хуманитарни цели.








