Успешна Регионална летна крводарителска акција во Охрид
11 крводарители за прв пат даруваа крв и се приклучија на големото крводарителско семејство на Црвен крст.

Успешно реализирана Регионалната летна крводарителска акција во Охрид. Беа собрани 97 крвни единици,а на акцијата се одзваа крводарители од Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Кичево, Демир Хисар и Ресен.

11 крводарители за прв пат даруваа крв и се приклучија на големото крводарителско семејство на Црвен крст.

Од охридскиот Црвен крст упатија благодарност до сите крводарители, волонтери, Институтот за трансфузиона медицина, како и до општинските организации, институциите, компаниите, организациите и медиумите кои придонесоа за успешната реализација на крводарителската акција.
Порачаа дека секоја дарувана единица крв значи нова надеж и шанса за живот за пациентите на кои им е најпотребна, упатувајќи апел граѓаните и понатаму да даруваат крв.













