Сончево и топло со температура до 33 степени
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Денеска во Охрид сончево и топло време со мала до умерена облачност. Максималната дневна температура до 33 степени.
Температурите во Македонија утре во интервал од 31 до максимални 38 степени.
До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде утре и во деновите од викендот кога дневната температура насекаде ќе биде над 31 степен. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.







