Делови од Машка и Женска плажа во Струга се обележани како јавни плажи
Во наредниот период е предвидено дополнително уредување и подобрување на условите на плажите.

Општина Струга продолжува со активностите за уредување и проширување на јавните плажи покрај Охридското Езеро.
Од Општината информираат дека денеска се обележани делови од Машка и Женска плажа како јавни површини наменети за користење од страна на сите граѓани и посетители.

Посочуваат дека работите на овие локации продолжуваат, а во наредниот период е предвидено дополнително уредување и подобрување на условите на плажите.
Од Општина Струга додаваат дека целта е да се создадат уредени, безбедни и достапни јавни простори кои ќе придонесат за поквалитетен престој на граѓаните и туристите покрај Охридското Езеро.








