Skip to main content

Охридската болница нема да се сруши туку ќе се реновира

Последниве денови се почесто  охриѓани загрижено  се прашуваат што се случува во охридската општа болница.

 |  Валентина Неловска  | 
TVM
TVM

Последниве денови се почесто  охриѓани загрижено  се прашуваат што се случува во охридската општа болница. Низ чаршијата кружат гласини  дека дел од  охридската болница ќе се сруши. Чаршијата нагаѓа дека причина се нарушената статика на болницата или откриена бактерија на некое од одделенијата на хирургија, урологија, гинеколгија или уво, грло и нос.  Граѓаните се почесто се прашуваат  и стравуваат каде ќе бидат лекувани.  Директорот на болницата д-р Љубен Арнаудов ги негира чаршиските муабети. Вели болницата нема да се сруши станува збор само за комплетно зајакнување на стариот блок. Како неосновани ги отфрла и гласините дека е откриена бактерија на некое од одделенијата. При последната контрола било констатирано дека охриѓани имаат една од најчистите болници во државата. Но, не само пациентите туку и вработените од одделенијата сместени во стариот блок стравуваат за својот работен ангажман.
Раководството на болницата смирува. Уверува  дека се бараат најсоодветните решенија и за пациентите и за вработените. Пациентите ќе бидат згрижувани и лекувани на одделенија во струшката болница и во костозглобна. Гарантираат дека сите вработени ќе бидат работно ангажирани и нема да бидат упатени на принудни одмори.
Директорот на болницата Љубен Арнаудов за Твм кратко изјави дека сеуште се изготвува работниот план. Во тек се преговорите со болниците во Стуга за таму да биде сместено гинеколошкото одделение. Се разговара и со Костозглобна за и таму да се оперираат болните од хирургија и урологија.  
Останува до крај на неделата да се објави точно работниот план. Инаку, градежните зафати на дел од болничкиот комплекс ќе траат близу 16 месеци. За реновирањето се одобрени 2 милиони 730 000 евра, буџетски средства од владата.


{loadposition content9}