Skip to main content

Општина Охрид реализира два инфраструктурни проекти во Бејбунар и на улицата „Шар Планина“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура и условите за живот на граѓаните. Во моментов се работи на доизградба на атмосферски канал во населбата „Бејбунар“, а паралелно е завршено и партерното уредување на дел од улицата „Шар Планина“.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живеење и унапредување на комуналната инфраструктура. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека во моментов се работи на доизградба на атмосферски канал во населбата „Бејбунар“, а паралелно е завршено и партерното уредување на дел од улицата „Шар Планина“.

Во тек се градежни активности за доизградба на атмосферски канал на улицата „АСНОМ“ во станбениот комплекс „Бејбунар“. Проектот предвидува поставување цевковод ПЕФ 630 во должина од 400 метри, а неговата вкупна вредност изнесува 4.353.247 денари.

Паралелно, екипите на ЈП „Нискоградба“ извршија партерно уредување на дел од улицата „Шар Планина“, каде што беше поставен бехатон на површина од 1.200 квадратни метри. За реализација на овој проект се издвоени 2.964.337 денари.

Двата проекти ги реализира ЈП „Нискоградба“ по налог на Општина Охрид, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет.