Skip to main content

Силен земјотрес од 7,4 степени го погоди јужниот дел на Мексико, издадено предупредување за цунами

Надлежните ги повикаа жителите да ги следат официјалните известувања и да ги почитуваат препораките на службите за цивилна заштита, додека се следи можноста за дополнителни потреси и евентуални последици од земјотресот.
 |  инфодеск  | 

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди пацифичкиот брег на јужниот дел на Мексико, во близина на државата Чијапас и границата со Гватемала. Според првичните информации на Американскиот геолошки институт (USGS), епицентарот бил во морето, во близина на пристанишниот град Пуерто Мадеро, на длабочина од околу 10 километри.

Потресот бил силно почувствуван во повеќе делови на јужно Мексико, како и во соседните Гватемала и Ел Салвадор, каде што жителите пријавиле силно нишање на објектите и евакуација на згради.

По земјотресот, надлежните служби издадоа предупредување за можна појава на цунами за делови од пацифичкиот брег на Мексико. Засега нема официјални информации за жртви или поголема материјална штета, а властите спроведуваат проценка на состојбата во погодените подрачја.