Skip to main content

УХМР

Денес сончево и многу топло со температури до 35 степени Целзиусови

Денес во Охрид минималните температури од 18, а максималните до 35 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град.

Денес во Охрид минималните температури од 18, а максималните до 35 степени Целзиусови.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Промена на времето се очекува од среда и во деновите потоа кога поради продор на постуден воздух од север и засилен северен ветер температурата ќе биде во опаѓање. Врнежи од дожд и значително пониски дневни температури ќе има во петок.