Skip to main content

Шпанија е светски шампион: „Црвената фурија“ повторно на врвот на светскиот фудбал

Шпанија ја освои својата втора светска титула, прва по триумфот во Јужна Африка во 2010 година
 |  инфодеск  | 
EAST RUTHERFORD, NEW JERSEY – JULY 19: Rodri #16 of Spain lifts the FIFA World Cup Winner’s Trophy after the team’s victory following the FIFA World Cup 2026 Final match between Spain and Argentina at New York New Jersey Stadium on July 19, 2026 in East Rutherford, New Jersey. (Photo by Hector Vivas – FIFA/FIFA via Getty Images)

Шпанија е новиот светски шампион во фудбал, откако во големото финале на Светското првенство 2026 ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и по вторпат во својата историја го освои најпрестижниот трофеј во светскиот фудбал. Решавачкиот погодок го постигна Феран Торес во 106. минута, носејќи ѝ историски триумф на својата репрезентација.

Избраниците на Луис де ла Фуенте доминираа во текот на целиот натпревар, создавајќи бројни шанси и контролирајќи ја играта, додека Аргентина се бранеше и се обидуваше преку контранапади да стигне до нова светска титула. Сепак, упорноста на Шпанците беше наградена во продолженијата, кога Торес го даде победничкиот гол.

Со овој успех, Шпанија ја освои својата втора светска титула, прва по триумфот во Јужна Африка во 2010 година. Генерацијата предводена од младите ѕвезди и искусните лидери уште еднаш покажа дека шпанскиот фудбал повторно е на самиот светски врв.

Победата беше прославена низ цела Шпанија, каде илјадници навивачи излегоа на улиците за да го одбележат историскиот успех. Светската титула претставува круна на одличниот настап на „Црвената фурија“ на турнирот, на кој репрезентацијата остана една од најдоминантните селекции и заслужено го подигна шампионскиот пехар.

Инаку, ппанскиот играч од средниот ред Родри е прогласен за најдобар играч на Светското фудбалско првенство 2026 година во изборот на ФИФА.