Skip to main content

П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид

Отворени пријавите за 47. Илинденски пливачки маратон во Охрид, рокот е до 31 јули

Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица („Кај Дивоно”), а целта на градското пристаниште (пред хотел „Нова Ривиера“). Патеката е во должина од 2,5 км.
 |  инфодеск  | 

Традиционално и оваа година на 2 Август, Илинден ќе се одржи 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, во организација на пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008″ од Oхрид.

Стартот на маратонот ќе биде од плажата Горица („Кај Дивоно”), а целта на градското пристаниште (пред хотел „Нова Ривиера“). Патеката е во должина од 2,5 км.

Пливачите ќе бидат поделени во две категории: постари од 16 години (родени 2010 година и постари) и помлади од 16 години (родени 2011 година и помлади), но не помлади од 8 години. Првата група ќе стартува во 10:00 часот, а втората во 11:00 часот. Пријавувањето за учество е во тек и ќе трае заклучно со 31 јули.

-Пријавата треба да содржи име и презиме на пливачот, датум на раѓање, име на клубот за кој ќе настапи. На стартот, секој пливач е должен да достави уредно лекарско уверение/потврда за способност за обавување на спорт и спортски активности, не постаро од 6 месеци, како и личен документ за идентификација (членска книшка, лична карта и сл.). Секој пливач е должен да плати котизација за учество на маратонот во износ од 1.200 денари, на местото на стартот или на жиро-сметката на „Охридски Бранови 2008“: Жиро-сметка: 240120001609447 УНИ Банка (да се достави потврда за извршена уплата). Секој клуб/родител е должен за своите учесници/пливачи да обезбеди пловен објект – кајче за придружба на пливачот. Пријавите се доставуваат до Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“ – Охрид, на e-mail: ohridskibranovi2008@yahoo.com или на вибер на 075 822-707, информираат организаторите.

Во нивното соопштение додаваат дека патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен крст Охрид, Езерската полиција и други служби, а за регуларноста на трката ќе бидат ангажирани соодветен број судии.