Започнува деветтото издание на Beach Film Festival

Утре, 21 јули, започнува деветтото издание на Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм кој до 26 јули ќе донесе богата филмска програма, мастер-класови, работилници и музички настани на неколку локации во Охрид.
Фестивалот традиционално ќе се одржува на плажите Сараиште и Славија, на Брод Армада, во Младинскиот центар Охрид, Хотел Пела и спортската сала на ОСУ „Св. Климент Охридски“.
Фестивалот започнува со претпрограма на плажата Сараиште:
- 20:30 – „Железна тврдина“
- 22:00 – „Самоуништување“
Официјалното свечено отворање ќе се одржи на плажата Славија со почеток во 20:30 часот, по што следува проекцијата на „Being Maria“, дел од официјалната селекција. Вечерта ќе заврши со коктел-забава и музичка програма со диџеј.
Истовремено, на Сараиште ќе бидат прикажани:
- „Cirkusboy“ (детска селекција)
- „Impatience of The Heart“ (официјална селекција)
Во наредните денови публиката ќе може да проследи повеќе европски долгометражни, документарни, студентски и краткометражни филмови, меѓу кои:
- Alpha
- Hidden People
- Broken Voices
- No Ghosts on Good Street
- Moon
- Koma
- The Instinct
- Silyan
- As We Breathe
Во рамки на фестивалот ќе се одржат и работилница за хорор филм, мастер-класови со домашни и странски филмски професионалци, мастер-клас со членот на жирито Ана Хут, проекции на студентски и краткометражни филмови, како и музичка програма со диџеи секоја фестивалска вечер.
Организаторите информираат дека го задржуваат правото на измени во распоредот и дел од локациите доколку има потреба, за што јавноста ќе биде навремено известена.







